Виц: Животните си направиле суд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Животните во шумата си направиле суд. Лавот е судијата, а жабата е обвинител. Го суделе штркот за нешто.
Жаба како обвинител вели:
– Постојат отежнувачки околности! Тој јаде жаби! Предлагам да му ја отсечете главата!
Лавот како судија одговара:
– Па, како за прв прекршок не може толку строго. Можеме да му ја исечеме опашката, на пример.
А жабата враќа:
– Добро, ќе му ја исечеме опашката се до вратот!