Home Мајтап Виц: Вака изгледа идеален сопруг

Виц: Вака изгледа идеален сопруг

Излегува Перо од кафана да испуши една цигара, па додека пуши, гледа еден питач кој седи и проси пред кафаната. Се сожалува Перо и му вели:

Пријателе, еве 100 денари, купи си цигари.

А не, фала, не пушам.

Добро, земи 300 денари и почести се едно вино или некоја друга пијачка.

Сполај ти, не пијам ни алкохол.

Аман бе? Добро, еве ти 3.000 денари оди најди некоја, опушти се малку со неа, забавувај се.

Не одам ни по жени. Не фрлам пари за такви работи.

А ха! Тогаш, еве ти 5.000 денари, да појдеш на оваа адреса, да те види Мара моја и да знае како изгледа во реалноста човек кој не пуши, не пие и не оди по жени.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Виц: Изнервиран петел

Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п…