Виц: Сообраќајка на Ауди и Југо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На семафор на црвено застанува црно Ауди со тројца набилдани и истетовирани момци во него, кога одеднаш ТРАССС!!
Ги удира Југо со едно мало човече кое нема повеќе од метар и пеесет. Човекот ги гледа напумпаните во Аудито подголтнувајки си ја плунката, си вели:
– Готов сум, ама скапо ќе си ја продадам кожата.
Го отвара гепекот, ја вади хеблата и почнува да мава по аудито.
Го крши ретровизорот, мава по хаубата, по шофершајбната, ги дупчи гумите и задоволен се враќа во своето Југо, го стартува и си оди.
Во аудито, тројцата билдери се гледат немо, смрзнати од страв,
– Кој беше овој? прашува едниот,
– Немам поим, ама замисли да бевме ние криви што ќе ни се случеше.