Откако успеал да стави зад решетки стотици големи криминалци, еден ден Шерлок Холмс претерал со кокаинот. Се предозирал и умрел. Отишол во рајот, а таму на вратата го пречекал Свети Петар.
– Кој си ти бе, забеган?
– Како кој?! Не ли ме познаваш? Јас сум Шерлок Холмс, најголемиот детектив во светот! – Одговорил Шерлок Холмс.
– Не зае*авај! Навистина си ти? Штом си најголем детектив, може ли да ми завршиш една работа?
– Се разбира. Каква работа?
– Во рајот има милиони луѓе и никако не можам да ги најдам Адам и Ева. Ајде ти влези и најди ги.
– Океј – рекол Шерлок Холмс и влегол во рајот.
Го немало 3 дена и на четвртиот се појавил водејќи еден маж и една жена.
– Еве ти го Адам, а еве ја и Ева.
Свети Петар не можел да им поверува на очите:
– Ти навистина си бил најголемиот детектив на светот. Како го направи тоа човеку?
– Елементарно Питер. Само тие двајца немаат папоци.
-
Виц: Изнервиран петел
Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п… -
Виц: Бабата со пушка и таксистот
Баба со пушка во раката влегува во такси. Таксистот зачудено ја гледа и ја прашува: Зошто … -
Виц: Забелешка за психијатрите
Го прашуваат некој Македонец за лекарите во Македонија – какви се, дали се добри. То…
Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.
Check Also
Виц: Изнервиран петел
Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п…