Виц: Се качуе Пер’то у автобусот за Скопје…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се качуе Пер’то у автобусот за Скопје,
и по пат цело време го прашуе шоферот:
—Мајсторе, стигнаме ли у Велес, Мајсторе бе, стигнаме ли у Велес..
И така 5-6 пати, и на виа му скиснало и му вика:
—Море дете ај не ме гњави даа, каа че стигниме у Велес че ти кажам..
Си седнал Пер’то на седиштето и се успал, а шоферот го заборавил и каа стигнале у Скопје му текнало….
А патниците фанале да се бунат за Пер’то, и шоферот шо че прае, рикверц автобусот и па назад за Велес…
Стигнуат у Велес, шоферот го буде Пер’то и му вика;
—Ај Пере ставај стигнаме у Велес, ти за туа беше нели…
—Нее, ја за Скопје су, ама баба ми речи чоколадото никако да не го отворам пред Велес….