Мајтап

Виц: Плавуша во казино

Двајца крупиеи стоеле и се досадувале крај една од масите во казиното. Се приближила една исклучително привлечна и бујна плавуша и ставила 10.000 евра на едно фрлање на коцката.
– Господа, се надевам дека нема да имате ништо против, но кога сум гола, ми оди многу повеќе.
Се соблекла сосема гола, ги фрлила заровите и извикала:
– Ајде, срцки! На мама и треба нова облека!
Кога заровите застанале таа извикала:
– Да! Да! Добив! Добив!
Ги прегрнала крупиеите, им дала по еден сочен бакнеж од среќа, си го зела профитот, си ја собрала облеката и исчезнала.
Двајцата крупиеи се погледнале воодушевени. Конечно едниот прашал:
– Абе колега, што фрли девојкава?
– Не знам – одговорил колегата.

Поука: Не сите плавуши се глупави, но сите мажи се исти.

Advertisements
To Top