Виц: Оштетен „алат“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Трпе направил сообраќајка и го однеле во болница. Медицинската сестра го прашала како се чувствува.
– Добар сум, само те молам ај види дали ми е здрав алатот.
– Не биди безобразен, не можам.
– Ај те молам, најважно е алатот да ми е здрав.
Медицинската сестра го сожалила и го открила чаршавот.
– Здрав ти е, на него има напишано “оле”!
– Оф лелеееле, ах бре Трпе кој те тераше да пиеш, волу еден, Господе што ли ти згрешив за ова да ми го направиш…
– Зошто кукаш, ти кажав дека ти е здрав.
– Сестро, знаеш ли што пишуваше на алатот?
– Што?!
– “Наше ќе биде и Солунско поле!”