На 8. март официјална промоција на македонската евровизиска песна


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според договорот кој го имаат склучено МТВ и ЕБУ, официјалната промоција на песната со која пејачот Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на овогодинешното издание на Евросонг, за македонската јавност ќе биде на 8. март во Дневникот 2 на МТВ, по што песната со видеоспот ќе биде објавена и на официјалниот евровизиски Јутуб канал (https://www.youtube.com/user/eurovision) во 20:00 часот.

Македонскиот евровизиски тим ги кани новинарите на претходна затворена промоција и преслушување на евровизиската песна „YOU“, со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам.

Промоцијата за новинарите ќе се одржи исто така во недела, на 8-ми март, но со почеток во 14:оо часот, во кафе барот Churchill ( се наоѓа на паркингот зад трговскиот центар Мавровка), локацијата каде што се снимаше и видеозаписот за песната.

Видеото за „Yоu“ го режираше Милена Витман, а за фотографијата и за монтажата се погрижи Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши.

Музиката на оваа песна авторски ја потпиша Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Таа е автор и на текстот на песната, којшто го напиша заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.