Мајтап

Виц: Муабети во сауна

Сауна. Вoзрасна жена лежи на клупата и се релаксира. Млада жена стои на страна и со восхит си го гледа телото на огледалото на ѕидот. Возрасната жена ја погледнува и ѝ вели:
– Убаво тело имаш.
– Така е! – напрчено одговара младата.
– Сигурно мажите трчаат по тебе?
– И тоа како! – уште пофалбаџиски одговара младата жена.
– И претпоставувам ти не им даваш?
– Се разбира дека не им давам! – гордо изјавува младата.
– Е па да ти кажам дека за некое време многу ќе се каеш!

To Top