Виц: Мара страдна за…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Перо работел во аптека, па другар му Трпе отишол да го види што прави на работа. Тамам влегол во аптеката, Перо му вели:

Трпе, брат, арно што дојде. Постој малку на касава зад пултот, ми се оди по голема нужда.

Застанал Трпе и по петнаесетина минути се враќа Перо.

Трпе, дојде ли некој муштерија?

Дојде Митре. Ми се жалеше дека го болела глава.

И ти?

Одма му дадов анаглин.

Браво Трпе. А друг?

Дојде и Трајчо. Ми се жалеше дека го скинал расипан стомак.

И?

Одма му дадов спазмекс.

Браво бе, Трпе. Прав аптекар си бил ти. А друг некој дојде?

Дојде и Мара. Оваа што е разведена. Кога почна да се жали дека со месеци немала видено машки алат.

Аман бе! И?

Што и, ме знаеш мене – одма и дадов прокулин капки за очи.