Виц: Македонски фризер во Милано


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Отворил Македонец фризерски салон во Милано. Прв кај него дошол сопственикот на соседниот дуќан, цвеќарот.
– Колку чини?
– Ништо не треба, комшија си ми, а и прв муштерија.
Наредното утро гледа 10 рози пред берберницата.
– Колку треба за розите комшија?
– Ништо не треба, комшии сме, а нели вчера ме потстрижа без пари…
Дошол и другиот комшија, лебарот.
– Колку чини?
– За тебе е бесплатно, комшии сме.
Наредниот ден гледа пред дуќанот 10 лепчиња.
– Колку треба за лебот комшија?
– Без пари за тебе, нели ме потстрижа вчера без пари.
Третиот ден во берберницата дошол Македонец.
– Колку чини да ме потстрижеш?
– Бесплатно е, нели сме Македонци, од тебе ли пари ќе земам…
Доаѓа наредното утро и гледа пред дуќанот 10 Македонци…