Виц: Лекарства


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се враќа Трпе дома од работа, па ѝ вели на сопругата:

Жено, дај тури едно виски за срцето.

Таа му тура, тој го пие на екс.

Дај сега тури една мастика за стомакот.

Жената му тура, тој ја пие на екс.

Дај тури едно вино за крвта.

Му тура, пие.

Дај сега едно пиво за бубрезите.

Му носи Трпана, Трпе го пие.

Потоа ѝ вели:

Ај доста е сега со овие лекарствава, тури по една ракија и да ручаме како луѓе.