Виц: Кој од која професија како го доживува раскинувањето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Драги, меѓу нас е готово”. Така гласи стандардната реченица, додека таа стои на врата, решена да замине… . Каква е неговата реакција? Зависи:
Атеист: Не ми се верува.
Будист: Само ти да си среќна.
Католик: Јас сум крив.
Евреин: Ќе ти вратам.
Меланхолик: Ќе се убијам!
Колерик: Ќе те убијам!
Апатичар: Добро.
Песимист: Знаев!
Оптимист: Земи клуч за секој случај.
Реалист: Тоа е мој куфер!
Наивен: Кога се враќаш?
Скептик: Сигурна си?
Филозоф: Зошто баш денес?
Адвокат: Тоа ќе кошта.
Банкар: Тоа ќе ме кошта.
Јапи: Колкава му е платата?
Либерал: Конечно слободен!
Зелен: Оди со точак.
Готвач: Ми го збибери.
Полицаец: Застани, ќе пукам.
Математичар: Лошо си се пресметала.
Поет: Готово-мотово?
Физичар: Закон си.
Новинар: Шокантно! Скандалозно!
Твитерџија: Ретвитни ме понекогаш.
Пекар: Враќај се, не јади бурек.
Аеродромец: Само да не е од Центар.
Центарец: Марш бре сељанко.
Охриѓанец: Ам за смештај шо ќе прајте?