Home Актуелно Бугарски интелектуалци протестираа пред француската амбасада поради ветото за Македонија и Албанија

Бугарски интелектуалци протестираа пред француската амбасада поради ветото за Македонија и Албанија

Десетици бугарски интелектуалци, јавни личности и граѓани, во знак на револт поради блокирањето на отворање пристапни преговори за Македонија и Албанија со ЕУ, се собраа вчера вечер пред Амбасадата на Франција во Софија каде го изразија своето несогласување со одлуката на претседателот Макрон.

Како што објави БГНЕС, учесниците скандираа „Бугарија и Македонија под едно небо”, „Не на лицемерието, да на Македонија”.

„Ние сме сведоци на заживувањето на француско-српскиот сојуз кој низ последните години беше „занемарен” и кој има за цел да ја блокира европската иднина на Македонија“, изјави познатиот балкански експерт и публицист Иван Николов.

Учесниците на собирот го повикаа Макрон да ја преразгледа својата одлука, да биде на висината на големите француски државници – Шарл де Гол и Жак Ширак и да не ја става во ризик стабилноста и безбедноста на Балканот во еден толку сложен историски момент.

Во писмо до Макрон, кое го прими претставник на Амбасадата, организаторите на протестот го повикаа францускиот претседател да не дозволи „РСМ да биде втурната во политички хаос”.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…