Home Мајтап Виц: Итар рибокрадец

Виц: Итар рибокрадец

Блажо на езер’то лове риби кај шо бил забранет риболовот.

Риби врие, и он нап’нил две големи канти со риба.

Ама го фаќа службата против криволовот, и му викат:

Блажо, тука е забранет риболовот, и че мора да одговараш кривично.

Море луѓе, ами ја не ловам риби, виа се мои риби.

Како тоа твои?

Па така, секоа сабајле и носам туа, ги пуштам троа да попливат, ги турам у кантата, и си ги носам па дома.

Е ај да видиме.

Блажо и зима двете канти, ги истура у езер’то, и си стое, а службеникот му вика;

Ај сеа де.

Шо сеа.

Па викни и.

Кој да го викнам бре.

Па рибите.

Кои риби бе?

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мајтап
Comments are closed.

Check Also

Виц: Изнервиран петел

Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п…