Мајтап

Виц: Ифрит жена

Сопругот се прибира дома во раните утрински часови, а жената бесна грбнала сукало и чека во заседа.

Едно цапнување мажот дома и таа баааам посреде чело со сукалото и овој паднал во несвест. По некое време си доаѓа на себеси и ја гледа жената седната до него, како плаче:

Извини миличок! Заборавив дека беше трета смена на работа.

To Top