Мајтап

Виц: Експерт за цедење

Еден сопственик на кафеана бил многу силен. За да привлекува муштерии, објавил награден натпревар: Тој да истиска еден лимон, а ако некој успее да истиска дури само уште една капка, ќе добие 1000 евра.
Бизнисот му тргнал многу добро, сите се обидувале, но никој не можел да ги земе парите… Но, еден ден во кафеаната влегол низок слаб маж, го зел лимонот и истискал не една, туку цели шест капки!
Сопственикот на кафеаната прашал вчудоневиден:
– Што си ти? Бодибилдер? Каратист? Шаолин монах?
Мажот одговорил:
– Не, јас сум даночен инспектор.

To Top