Мајтап

Виц: Детски додаток за пет деца

Залетано влегува Трпе дома и уште задишан ѝ вика на Трпана:
– Жено, дали слушна?
– Што?
– Владата одлучила да дава детски додаток на сите семејства кои имат по пет деца.
– Ама ние имамо само три.
– Ќе ми простиш жено, ама ја малку ти бев неверен едно време и у другото маало имам уште две вонбрачни деца.
Станува Трпе, и излегува од дома пак, а Трпана го прашува:
– Каде тргна?
– Одам да си ги земам децата и се враќам.
Се враќа Трпе дома со двете деца и ја прашува Трпана:
– Каде се мори другите три деца?
– Па и комшиите чуле за новиот закон и дојдоа да си ги земат своите деца.

Advertisements
To Top