Мајтап

Виц: Американецот, Буда и Итар Пејо во пеколот

Американец, Буда и Итар Пејо одат во пеколот!
Ѓаволот им вели:
Ви давам шанса да отидете во Рајот. Ќе ве удрам 3 пати со мојот чекан, имате право да се браните со што сакате. Ако ги издржите трите удари без да вреснете, одите во рајот, ако не, останувате во пеколот!
Прв бил Американецот. Тој избрал да се брани со штит, но уште од првиот удар на ѓаволот тој вреснал и останал во пеколот. Следен бил Буда. Тој одлучил да се брани со медитација. Прв удар со чеканот, Буда не мрда, втор удар со чеканот, Буда пак не мрда, трет удар со чекан и ништо, се си е во ред со Буда. Ѓаволот му рекол:
Ајде Буда, слободен си. Може да одиш во рајот.
Но Буда рекол:
Јас ќе почекам уште малку да видам како Итар Пејо ќе издржи, нели во сите вицови победува тој.
Така дошол редот и на Итар Пејо.
Ѓаволот го прашал:
А бре Пејо, ти со што ќе се браниш од ударите на мојот чекан?
Пејо со насмевка одговорил:
Како со што бе Ѓаволе? Па со Буда!

Advertisements
To Top