Вистинско рок освежување – Винил Бандитс го промовираа спотот за Сенка (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синоќа во центарот на Прилеп, кај Саат-кулата беше извршена промоција на најновиот спот за песната „Сенка“ на Винил Бандитс.

Прилепчаните „Банда Бенд“ кои се ребрендираа (и тоа без референдум 🙂 ) во „Винил Бандитс“ со новото име го пуштија и својот прв спот за синглот „Сенка“. После промоцијата настапија во живо пред прилепската публика изведувајќи кавери на познати рок песни, а го отсвирија во живо и својот сингл „Сенка“.

Текстот е на вокалистот Александар Бошкоски, а музиката и аранжманот на целиот бенд кој го сочинуваат Илија Чакароски (гитара), Александар Бошкоски (вокали), Давид Ангелески (бас гитара) и Христијан Јованоски (тапани). На виолончело гостува и Андријана Дукоска, а во спотот дел од актерската екипа на театарот „Војдан Чернодрински“.

Песната е снимена во студиото на Илија Мирчески, микс и мастеринг е на Александар Шилоски, а видео продукцијата Христијан Конески. Осветлувањето и ефектите се на Саша Нацевски, а озвучувањето на сетот на Јордан Чавлески.

Погледнете го нивниот спот за кој ќе се согласите оти е вистинско рок освежување на македонската музичка сцена:

Текст:

Сенка

Јас сум човек од месо, од збор
Без умор и бол јас убивам ден од глад ко плен,
Во мисли во бес разулавен пес,
Пијам од дожд од жед ко да е мед
Од склети клет, неразумен сплет

Без разум – но смел
Стапки бег растопен снег
Стих во строфа избришан дел..

Во себе да те смирам – ко гнев
Со совест да те гризам – ко грев
Ко сенка јас те кријам, од се, од се, од се

Ми требаш… и гола и боса
Со прстиве в коса, ми требаш
Думам ко слон и јаве и сон
Пијан и смел на листов бел
Стих од строфа избришан цел

Без разум – но смел
Стапки бег растопен снег
Стих во строфа избришан цел..

Во себе да те смирам – ко гнев
Со совест да те гризам – ко грев
Ко сенка јас те кријам, од се, од се, од се

Еве како беше на промоцијата: