Вистинска секс бомба: Кипарската Бијонсе е најголемата фаворитка за победа на Евровизија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Елени Фореира е овогодинешната кипарска претставничка на евровизискиот музички натпревар благодарение на која, мнјогу земји веќе го сметаат Кипар за најизгледен победник на Евросонг 2018.

Згодната Елени ја однесе својата земја во финалната вечер на Евровизија, изведувајќи ја во првото полуфинале песната „Fuego“, со настап кој предизвика фантастично шоу во салата и ја крена публиката на нозе. 31-годишната кипарска убавица која е родена во Албанија, многумина ја нарекуваат кипарската Шакира, но и кипарската Бијонсе.

Денес Елени живее во Грција, поточно во Атина. Освен со пеење, се занимава и со глума, танц и моден дизајн. Во врска е со фудбалерот Алберт Ботијахас.

A post shared by Eleni Foureira (@foureira) on

Музичката кариера ја започна во 2007 година во бендот Mystique, а две години подоцна одлучува да започне соло музичка кариера. Одлуката се покажа како одлична, бидејќи Елени досега има издадено три албуми кои одлично поминаа и беа прифатени на грчката и кипарската музичка сцена. Таму ја сметаат за „поп кралица“.

A post shared by Eleni Foureira (@foureira) on

Беше и судијка во грчката верзија на So You Think You Can Dance. Досега три пати се има натпреварувано за претставничка на Грција на Евросонг (2010, 2013 и 2017), но ниту еднаш не успеа да се пласира на Евросонг. Но, во тоа успеа оваа година, како претставничка на Кипар, со песната Fuego, која е компонираше шведско-грчкиот композитор Алекс Папаконстантину.

A post shared by Eleni Foureira (@foureira) on

Елени моментално важи за најголем фаворит на Евросонг 2018 и според евровизиските обложувалници убедливо го држи првото место.