Ибракадабра почна да се занимава со пророштво и предвидување на иднината


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако минатиот месец му гостуваше на Џими Кимел, во средата Златан Ибрахимовиќ беше гостин во шоуто The Late Late Show со Џејмс Корден.

Од гостувањето, посебно беше интересен скечот во кој Ибра, во свој стил, даде неколку брутално искрени одговори. За себе рече дека е „најдобар фудбалер во универзумот“, а исто така истакна дека е без конкуренција кога станува збор за претскажување на иднината.

Во снимениот скеч Корден мораше да плати еден долар за да го чуе предвидувањето на неговата иднина од Ибрахимовиќ. На крајот, Швеѓанецот не му одговори на последното прашање, па Корден се обиде да му ги даде сите пари од паричникот за да го „разбуди“ бившиот напаѓач на Манечстер Јунајтед и да го добие одговорот, но без успех.

Врвот на скечот доаѓа во моментот кога Корден се врти и си заминува, Ибра моментално се буди и со насмевка на лицето ги брои парите кои ги „заработил“ коментирајќи: „Ова е лесно, Златан секогаш победува“.