Вимблдон: Ѓоковиќ рутински во четвртфинале


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тројниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето, откако рутински во три сета го совлада Адраин Манарин. (6-2, 7-6/5, 6-4).

Промената на програмата не го дефокусира Србинот кој денес излезе максимално концентриран и потребни му беа само три сета за пласман во четвртфиналето каде ќе игра против Томаш Берих.

Ѓоковиќ одлично го почна мечот и брзо направи двоен брејк во првиот сет за брзо водство од 1-0 во сетови. Следеше сигурна игра на двајцата тенисери свој сервис во вториот сет, па во тајм-брејк игра повеќе искуство и среќа имаше Србинот. Брзиот брејк и во третиот сет покажа дека некогашниот светски рекет број еден ја подига формата и без проблеми го заврши мечот со лесна победа од 3-0.