Вил Смит во улогата на духот од ламбата во „Aladdin“ – разочарување или погодок?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако во неделата беше премиерно прикажан трејлерот за Дизниевиот „Aladdin“ во кој популарниот дух од волшебната ламба го игра Вил Смит, обожавателите на Disney продукцијата не беа импресионирани од она што го видоа во најавното видео и набрзо своите мислења ги споделија на социјалните мрежи.

Во филмската верзија духот од волшебната ламба го игра славниот Вил Смит, цртан лик за кој гласот во анимираната верзија од 1992 година го позајми легендарниот Робин Вилијамс.

Смит во улогата на духот од ламбата во трејлерот се појавува со чудна козја брадичка. Обожавателите се на став дека идејата токму тој да го глуми духот не е баш најдобра.

„Изгледа дека Вил Смит како духот од Aladdin ќе ме прогонува како ноќна мора“, „Никогаш нема веќе да спијам и за сето тоа е виновен Вил Смит“, се само два од големиот број негативни коментари на „социјалата“ од корисниците.

На прашање како се снашол со оваа улога, Смит призна дека секогаш е страшно да се работат нешта кои се легендарни.

Во филмуваната верзија на „Aladdin“, покрај Смит, ќе се појават и Мена Масуд во улогата на Аладин, Наоми Скот, Марван Кензари, Навид Негахбан, Насим Педрад, Били Магнусен и Нуман Акар. Режијата е на Гај Ричи, а премиерата е закажана за 24 мај оваа година.