Видете ги најбруталните фаули во историјата на фудбалот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ долго ќе го памети мечот со Бурнмаут. Промаши пенал, го нагазија на глава, а најмногу се зборува за неговата освета и удирањето со лакт на Мингс.

„Што се случи? Па сам скокна на мојот лакт“, изјави Ибра после мечот, а овој старт секако е повод да се потсетиме на најбруталните стартови кои се видени на фудбалските терени.

1 Грем Сунес/ Џорџ Ротари (1988)
Еден од стартовите кои ја одбележаа кариерата на популарниот шкотски фудбалер. Тоа се случи за време на натпреварот од Европскиот куп на куповите против Стеауа. „Помислив дека ќе го убие. Тоа е еден од најгрозните стратови кои сум ги видел“, изјави Ѓеорѓе Попеску, а интересно судијата не покажа никаква казна.

2. Харалд Шумахер/ Патрик Батистон (1982)
Бруталниот нокаут на голманот на тогашната Западна Германија против дефанзивецот на француската репрезентација остака како еден од најбруталните стартови во историјата на Светските првенства. „Не можев да верувам дека судијата не го исклучи“, шокиран беше Батистон.

3. Мартин Тејлор/ Едуардо да Силва (2008)
Почитувателите на хрватската репрезентација никогаш нема да го заборават тој ден кога Мартин Тејлор му ја уништи кариерата на Едуардо да Силва кој тогаш беше во голем напредок после пристигнувањето во Арсенал. Вистина, Едуардо се врати на терените и понатаму беше добар играч, но се чини дека овој старт го запре неговиот развој.

4. Андони Гоикоечеа/ Марадона (1983)
Месарот од Билбао, како што го нарекуваа жестоко стартуваше на еден од најдобрите фудбалери во историјата. Аргентинецот заврши на операциска маса и никогаш не го заборави овој страт за кој вели дека е најболниот кој го почувствувал.

5. Пол Гаскоњ/ Гери Чарлс (1991)
Дивио испад на еден од најпопуларните играчи за врска во Премиер лигата сите ги остави во чудо. Чудната ситуација помалку ги збуни и судиите кои не му дадоа никаква „опомена“.

6. Рои Кин/ Алф-Инџ Халанд (2001)
Ова е можеби најлошиот пример бидејќи Кин подоцна во својата биографија откри дека овој старт го планирал цела година, откако претходната сезона Халанд стартувал врз него. Заслужен црвен картон.

7. Ли Боувер/ Герардо (2003)
Откако го сруши на земја, Боувер се послужи со копачките за да го „докрајчи противникот“ и тоа по фаца! Неколку минути претходно доби жолт картон поради старт над истиот играч. УЕФА потоа му изрече суспензија од 6 натпревари.

8. Бен Тачер/ Мендеш (2006)
Најсилниот лакт на сите времиња. Тачер во налет го нокаутираше Мендеш па мораше да му се дава вештачко дишење на тревникот. Ова е еден од најбруталните фаули, а УЕФА подоцна го казни со двегодишна суспензија.

9. Рајан Шоукрос/ Арон Рамзи (2010)
Му ја скрши ногата на противникот и потоа доби забрана за играње на следните три натпревари. Преблага казна со оглед на жестокиот страт.

10. Најџел де Јонг/Чаби Алонсо (2010)
„Тоа беше еден од најлошите стартови кои ги доживеав во кариерата“, изјави Чаби Алонсо после финалето на СП во Јужна Африка. Холанѓанецот подоцна се извини, но и напомена дека после овој страт го третирале како криминалец.