Видео: Вестрбук влезе во историјата на НБА!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шестиот пораз на последните осум натпревари кои го запишаа кошаркарите на Кливленд и 60-от трипл дабл во кариерата на Расел Вестбрук, ја обележаа измината ноќ во НБА лигата, во која се одиграа десет натпревари.

Оклахома победи во Њу Орлеанс 114:105, а Расел Вестбрук го забележа 60-от трипл дабл во кариерата. Рас мечот го заврши со 27 поени, 12 скокови и 10 асистенции и се проби на петтото место на вечната листа, потиснувајќи го легендарниот Лери Бирд на шестото место.

Актуелните шампиони загубија на домашен терен од Сакраменто 112:116. Натпреварот беше решен во дополнителните пет минути, а Сакраменто до триумфот го предводеа Демаркуз Казинс со 28 поени, 11 скокови и 9 асистенции, односно Дарен Колисон со 23 поени.

На Кливелнд не му помогна одличното издание на Леброн Џејмс кој забележа трипл дабл од 24 поени, 13 скокови и 11 асистенции. На ниво беа и останатите двајца од „големата тројка“ на Кливленд (Кајри Ирвинг 20 поени, Кевин Лав 21 поен), но повторно потфрли остатокот од тимот.

Резултати:
Бостон – Хјустон 120: 108
Бруклин – Мајами 106: 109
Чикаго – Атланта 114: 119
Милвоки – Филаделфија 109: 114
Мемфис – Торонто 101: 99
Њу Орлеанс – Оклахома Сити 105: 114
Шарлот – Голден Стејт 103: 113
Далас – Њујорк 103: 95,
Портланд – Л.А. Лејкерс 105: 98.