Home Спорт Видео: Верувале или не – Вестбрук не постигна трипл дабл

Видео: Верувале или не – Вестбрук не постигна трипл дабл

Неверојатната трипл дабл серија на Расел Вестбрук заврши изминатата ноќ, на натпреварот со Бостон. Оклахома славеше над Бостон 99:96, а Вестбрук имаше учинок од 38 поени, 12 скокови и шест асистенции.

Расел Вестбук застана на бројката од седум трипл дабл учиноци во низа, со што го израмни рекордот на Мајкл Џордан од 1989 година.

Оклахома го победи Бостон 99:96, а покрај Вестбрук забележителни улоги во победничкиот тим имаа Стивен Адамс (16 поени, осум скока) и Енес Кантер (14 поени, шест скокови). Бостон го предводеше Ал Хорфорд со 19 поени.

Резултати:
Детроит – Филаделфија 79:97
Минесота – Голден стејт 108:116
Оклахома – Бостон 99:96
Феникс – Њу Орлеанс 119:120
ЛА Лејкерс – Њујорк 112:118

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…