Home Вебкафе Чуден му е есапот: За да станете милионер, треба да штедите по 2 долари дневно

Чуден му е есапот: За да станете милионер, треба да штедите по 2 долари дневно

Многумина веруваат дека единствен начин за да се стане милионер е да се наследи имот од некој богат предок или да се добие премија на лотарија.

Меѓутоа, американскиот финансиски советник Дејвид Беч не се согласува со ваквото мислење и изработи план за тоа како да се стане милионер до 65-та година од животот преку штедење,

– За да се стане богат потребно е системско штедење и добар инвестициски план. Не ви требаат многу пари за да стекнете богатство, тврди Беч во својата книга „Паметните двојки стануваат богати“.

Тој наведува дека за да се стекне богатство треба да носите вистински одлуки и да се придржувате до нив.

Беч изработи графикон за штедење на дневна, месечна и годишна основа, со кој, како што тврди, со штедење на по два долари дневно почнувајќи од 20-та година, на 65-годишна возраст ќе можете да станете милионер.

Сепак, многумина сметаат дека овој графикон на Беч претставува добра теорија, која може тешко да се спроведе во пракса, но и признаваат дека со „тргањето на страна“ на по два долари дневно по одредено време може да се заштеди солидна сума.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…