Видео: Трибина – Грција нема проблем само со името, туку и со идентитетот, нацијата, јазикот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нема преговори за името бидејќи Македонија има уникатен етноним што не може да се преведе. Научна трибина во која интелегенцијата возвраќа на актуелните разговори за надминувањена разликата. Името и иденитетот се суштински за постоење на земјата и на народот, велат академици и професори…

Прекин на разговорите со Грција за името, неменување на идентитетот, јазик и културата на македонскиот народ, став на дел од научната фела. Академик Витомир Митевски вели дека со грчкиот предлог- име за севкупна употреба, ни се менува државното уредување и се декомпонира општеството по сите основи.

– Наша катастрофална грешка беше што прифативме да преговараме за името, бидејќи има работи кои не се предмет на расправа. Со преговарањето само дозволуваме да проблематизираме нешто што не е проблематично. Преговорите ќе завршат онака како што почнаа – како лакрдија – порача академик Витомир Митевски.

Според проф. д-р Михајло Поповски, евидентна е нетранспарентноста со која се водат преговорите под закрилата да не му се наштети на процесот. Евидентно, како што кажа, е и немањето план што да се прави во случај на неуспех на преговорите.

Проф. д-р Бранислав Саркањац вели дека проблемот со името со Грција во голема мерка се должи на еднолинеарната историја според која токму Грција е лулката на европската демократија и е идеал врз кој се градел идентитетот на Германија и на Британија.

Според професорката Билјана Ванковска, нашето државно раководство ги води преговорите без консултации со експертската и научната јавност. За тоа, претходно народот треба да се изјасни на референдум. Според неа, разговорите треба да се напуштат, а решението да се бара во Генералното собрание на Обединетите нации.

Пресудата на Меѓународниот суд на правдата е во наша полза и затоа треба да продолжиме решението да го бараме според принципите на меѓународното право, беше речено на трибината.

Учесниците беа едногласни дека власта треба да ги земе во предвид аргументите на научната заедница. Велат дека тоа може да помогне во градењето на државна стратегија, базирана врз консензус на сите општествени фактори.