Потврдено: Меси го пропушта спектаклот во Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на светот, Лео Меси поради повреда го пропушти тренингот на аргентинската репрезентација и сигурно ќе го пропушти вечерашниот дуел против Шпанија.

Лионел Меси не беше во тимот кој во петокот ја совлада Италија во Манчестер, а од репрезентацијата на Аргентина потврдија дека нема да игра ни вечерва против Шпанија.

Фудбалерот на Барселона се уште чувствува болка во задната ложа, па поради тоа Сампаоли нема да ризикува и да го става во протоколот за вечерашниот меч кој се игра на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Барселона исто така е загрижена за ситуацијата на Меси, па е во постојан контакт со лакарскиот тим на Аргентина.

„Разговаравме со докторите и проценивме дека е најдобро да не игра против Шпанија. Ризикот е премногу голем. Сè уште има многу важни натпревари до крајот на сезоната. Освен тоа, постои и Светско првенство, на кое Меси треба да ја предводи Аргентина. Во ниеден момент не помисливме да го ризикуваме неговото здравје“, рече уште претседателот на Аргентинската фудбалска федерација.