Видео: Портланд ја продолжи серијата, Харден продолжи да „меле“

Тимот на Портланд ја оствари 13 победа во низа откако славеше во Лос Анџелес против „Клиперси“ со 122: 109.

Демијан Лилард, Си-Џеј Меккалум и Јусуф Нуркиќ ја водеа својата екипа до 13. победа едноподруго. Со оваа победа Портланд се зацврсти на третото место на Западната конференција.

Хјустон Рокетс продолжува да „газе“, овој пат настрада Минесота. Во победата од 129-120 повторно најдобар беше Џејмс Харден, кој фаворитската улога за МВП признанието ја потврди со 34 поени, 12 асистенции и 4 скока.

Извонредна индивидуална ноќ имаше Расел Вестбрук, со нов трипл-дабл. Toј запиша 37 поени, 14 асистенции и 13 скока за победа на Оклахома кај Торонто со 132-125, со што заврши серијата на Репторс од 11 победи.

Останати резултати:
Њу Орлеанс – Бостон 108: 89
Минесота – Хјустон 120: 129