ВИДЕО: Мајката на Роналдо не можеше да го гледа пеналот против Малага


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид во саботата на домашен терен ја со совлада Малага со 3:2 во натпреварот од 13 коло на шпанската Ла Лига.

„Кралскиот“ клуб така успеа да ја намали разликата во однос на Барселона која ремизираше против Валенсија (1:1). Но, она што е најважно за навивачите на Реал е тоа што Роналдо конечно ја прекина својата голгетерска криза.

Португалецот во 76. минута успеа да се запише во листата на стрелци и да им донесе три бода на својата екипа. Сепак, тоа беше потешко отколку што се очекуваше. Имено, Роналдо прво го промаши пеналот, а потоа топката ја смести во голот на Малага.

Колку ова беше важен момент за Роналдо и неговото семејство најдобро покажува реакцијата на неговата мајка која едноставно не можеше да гледа како нејзиниот син ќе го изведе пеналот. Но, на крајот приказната имаше среќен крај. Погледнете ја реакацијата на неговата мајка при изведување на пеналот: