Видео: Лука Модриќ покажа класа после поразот на „Вембли“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ ги воодушеви Англичаните после поразот на „Вембли“ од 2:1.

Модриќ покажа дека е голем и после поразите, па во тунелот ги чекаше противничките фудбалери да им честита на победата.

Прв во тунелот доби честитки од Модриќ селекторот Герет Саутгејт, а по него и десниот бек Кајл Вокер кој своевремено играше во Тотенхем заедно со Хрватот.

Англиските медиуми се воодушевени од потегот на еден од главните кандидати за „Златната топка“.