Видео: Легендата на Ливерпул стана РИЦАР


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендата на Ливерпул и Шкотска, Кени Далглиш денес беше одликуван со титулата рицар на церемонија во Бикингамската палата.

Сер Кени го доби орденот и новата титила лично од принцот Чарлс за големиот допринос во фудбалот и хуманоста во градот Ливерпул.

Како фудбалер Далглиш му помогна на Ливерпул да освои три европски титули за седум години, а како тренер освои шест шампионски титули со „црвените“ во Премиер лигата и една со Блекбурн.

Надвор од теренот Далглиш води исклучителна хуманитарна работа и многу им помогна на семејствата на настраданите во „Хилзброу“.