Home Спорт Видео: Гвардиола со овој гест ја воодушеви цела Англија!

Видео: Гвардиола со овој гест ја воодушеви цела Англија!

Манчестер Сити синоќа рутински го победи Бурнмаут, а денес главна тема на Островот е потеготот кој го направи тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.

Имено, каталонскиот стратег по завршувањето на натпреварот се упати кон противничкиот фудбалер Хари Артер, кој во 2015 доживеа трагедија откако неговата ќерка Рене почина при породување.

„Жал ми е за она што ти се случи, ти посакувам се најдобро“, му порача искрено Пеп.

За среќа, сопругата на Хари повторно е бремена и деновиве треба да се породи, а Гвардиола го знаеше тоа и му посака се најдобро.

„Наскоро ќе стане татко, па му честитав и изразив надеж дека се ќе биде во ред. Знам што се случи во 2015. Се надевам дека бебето ќе биде здраво“, објасни Пеп на пресконференцијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…