Home Спорт Италијанските медиуми: Донарума е „чудовиште“

Италијанските медиуми: Донарума е „чудовиште“

Милан синоќа се спаси од пораз против Лацио со голот на Сусо во 85-та минута, а за играч на мечот беше прогласен голманот на „росонерите“ Џанлуиџи Донарума.

Младиот чувар на мрежата правеше чуда на голот и едноставно беше несовладлива пречка за противниците. Единствениот гол го прими од пенал, притоа беше многу блиску да го одбрани шутот на Биглија.

17-годишниот вонсериски талент имаше вкупно девет одбрани на мечот, од кој една двојна со која ги остави во неверување противничките фудбалери.

Италијанските медиуми денес го нарекова Донарума „чудовиште“ и претендент во наредните години да стане број еден во светот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…