Видео: Бразил како некогаш, Нејмар како Марадона!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бразил против Парагвај ја запиша осмата победа во низа и ја зголемија предноста на првата позиција на табелата во јужноамериканските квалификации.

„Кариоките“ победија 3:0 со головите на Кутињо, Нејмар и Марсело, а победата на Бразил можеше да биде и поубедлива но Нејмар не успеа да реализира пенал.

Сепак она што го одбележа натпреварот е голот на ѕвездата на Барселона. Нејмар доби топка на својата половина, претрча 70-ина метри, ги издрибла противниците и постигна феноменален гол.