Видео: Бомба за која зборува цел свет – вежбав цела недела!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид во првиот осминафинален натпревар славеа против тимот Наполи со 3-1, а натпреварот го одбележа „бомбата“ на Касемиро.

Бразилецот постигна маестрален гол со волеј од дваесетина метри, а после натпреварот откри дека цела недела го вежбал тој удар.

„Ние знаевме дека ќе биде тешко. Знаеме дека Наполи игра одлично по земја и дека нема да биде лесно. Ништо не е решено, имаме уште 90 минути на нивни терен. Цела недела трениравме удари надвор од шеснесетникот и драго ми е што постигнавме голови на тој начин. Многу сум среќен и за Карим и за неговиот рекорд. Уште многу има до четвртфиналето, не се залажуваме дека патникот меѓу осумте најдобри е одлучен“, изјави Касемиро.