Home Вебкафе Ви даваат 16.000 евра за два месеци само да лежите и ништо да не правите

Ви даваат 16.000 евра за два месеци само да лежите и ништо да не правите

Францускиот Институт за вселенска медицина и физиологија во Тулуз (МЕДЕС) е во потрага по доброволци, мажи, кои би минале 60 дена в кревет не правејќи ништо освен своите физиолошки потреби, и за таа „задача” би добиле 16.000 евра.

Условите за кандидатите се едноставни: да бидат на возраст помеѓу 24 и 45 години, непушачи, да имаат индекс на телесна маса (БМИ) помеѓу 22 и 27, и да немаат алергии.

Во научниот експеримент на МЕДЕС, којшто се занимава со ефектите на микрогравитацијата врз телото на астронаутите, има места за 24 мажи. Од нив се очекува само да јадат, пијат, да се капат и да ги обавуваат своите физиолошки потреби во креветот.

По експериментот, учесниците уште две недели ќе престојуваат во Институтот, заради програмата за опоравување, каде ќе бидат подложени на серија дополнителни тестови кои би требало да посочат на евентуални негативни ефекти од бестежинската положба на човековото тело.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…