Home Спорт Вест Хем „го изрешета“ Лестер со 4 гола – Антонио славеше заедно со својата „картонска верзија“

Вест Хем „го изрешета“ Лестер со 4 гола – Антонио славеше заедно со својата „картонска верзија“

Вест Хем со убедливо високи 4-1 го совлада Лестер и по две кола од Премиер лигата се наоѓа на првото место на табелата со шест бода и најдобра гол разлика, 8-3.

Чеканите неочекувано убедливо славеа над Лестер со три голови разлика, Антонио со една асистенција и два гола беше играч на мечот.

Домаќините поведоа со гол на Форналс во 26. минута, а потоа следуваше клучниот моменет на мечот. Перез поради опасен старт доби црвен картон, Лестер остана со играч помалку.

Тоа го искористи Вест Хем, по десет минути игра во вториот дел Бенрама погоди за 2-0, но Тилеманс во 70. погоди за надеж на Лестер дека сепак може да се избегне пораз.

Но до крајот на мечот Антонио постигна два гола за убедлива победа од 4-1. Антонио имаше необична прослава на синоќешниот меч против Лестер која стана хит во Англија.

Тој својот прв гол, а трет за Вест Хем на мечот, го прослави на необичен начин. Се најде себе си во картонска верзија покрај теренот и може да се каже дека си прослави самиот со себе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…