Весело во самоизолација: Дечињата „ја спасуваа“ Георгина од Кристиано Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веројатно една ретко позитивните работи кои ја добивме со пандемискиот карантин заради коронавирусот е гратис времето кое можеме да го поминуваме дома или на друго изолирано место со нашите најмили.

Ништо поразлично не е ниту во семејниот дом на фудбалскиот ас Кристиано Роналдо, чии деца периодов интензивно уживаат во неговото присуство дома, заедно со мама Георгина, кои сите заедно се во самоизолација заради пандемијата на КОВИД-19.

Убавата свршеничка на Кристиано, Георгина Родригез во периодот на изолација е многу активна на социјалните мрежи. По неколкуте провокативни фотки, Георгина одлучи на фановите да им покаже и дел од својата приватност, која сигурно најмногу ќе ги интересира најзагреаните љубители на нејзиниот сакан.

Убавата Родригез објави семејна фотографија на која може да се види како Кристијано се забавува со децата, потоа објави и интересно видео. Во видеото Кристијано легнува преку Георгина, а децата се обидуваат да ја „одбранат“ мама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

„Обожавам кога времето го минуваме заедно, уживаме во тие мигови. Ако постои нешто што можеме да го извлечеме како позитивно во оваа ситуација, тоа се најубавите моменти кои ги поминуваме заедно 99 проценти од времето. Мали мигови, семејство ве сакам вас“, им порачала Георгина на фановите.

Кристиано со семејството веќе две недели е во куќата во Торино, откако претходно беше во изолација во родната Мадеира во Португалија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on