Home Спорт Венгер во Бенфика ја пронајде замената за Санчез

Венгер во Бенфика ја пронајде замената за Санчез

Алексис Санчез ја игра последната сезона во Арсенал, па останува да видиме дали ќе замине од „Емирати“ како слободен агент на крајот на сезоната или ќе биде продаден во јануари.

Чилеанецот веќе го договорил трансфер во Манчестер Сити за неделна плата од 400 илјади фунти, па Венгер сега е принуден да бара замена за него.

Англиските медиуми тврдат дека Французинот веќе ја нашол замената за Санчез, а станува збор за 21-годишниот Андрија Живковиќ, кој настапува за Бенфика. Тој има откупна клаузула од 60 милиони евра, но Арсенал ќе се обиде да ја симне и да го донесе во своите редови.

Португалски „Рекорд“објави дека подолго време скаути на Арсенал го следат Живковиќ и биле импресионирани од неговите квалитети, па Венгер смета дека би бил добра замена за Алексис Санчез.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…