Home Спорт Венгер откри дека бил блиску до Роналдо и Меси: Можевме да ја промениме историјата!

Венгер откри дека бил блиску до Роналдо и Меси: Можевме да ја промениме историјата!

Арсен Венгер после 22 година го напушта кормилото на „топџиите“ и го даде последното интервју како менаџер на Арсенал.

Францускиот стратег во инетрвуто откри дека бил блиску до привлекување на Кристиано Роналдо и Лионел Меси, трансфери со кои можел да ја промени историјата на клубот.

„Беше кај нас со мајка му и бевме блиску до договор. Тогаш се појави Манчестер Јунајтед со Карлос Кеирош како тренер и асистент на Фергусон. Јунајтед играше против Спортинг, а Роналдо тогаш беше извонреден. Испративме официјална понуда и бевме многу блиску, но Јунајтед понуди повеќе“, открива Венгер.

„Можете да замислите што ќе се случеше ако успеевме да ги споиме во тандем Тиери Анри и Роналдо. Тоа секако ќе ја променеше историјата, барем онаа која се однесува на мојот мандат тука“, заклучи Французинот.

Венгер откри дека бил блиску и до привлекување на Лео Меси, но Барселона направила се за да го задржи.

„Се сретнав со родителите на Фабрегас, а во тоа време имавме интерес и кон Жерард Пике и Лео Меси. Сакавме да ги донесеме тројцата, но не успеавме. Барселона направи се за да го заджи Меси“, открива Венгер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…