Ведар и студен четврток


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Овој јануарски четврток во Maкедонија носи ведро, сончево, но и студено време. Утрово ќе биде ведро и доста студено, преку денот сончево со слаб северозападен ветер и со појава на магла по одделни котлини.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус 2, а дневната од четири до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје наутро ведро и доста студено со појава на магла, преку денот сончево. Утринската температура ќе се спушти до минус 7, а дневната ќе достигне до 6 степени. Во Маврово и Берово дневната температура ќе достигне до 5 степени, Охрид 8, Битола 4,Крива Паланка 7, Кавадарци 6, Дојран 11.

И утре ќе се задржи стабилно време со појава на магла по одделни котлини. За време на викендот ќе има појава на зголемена облачност, на некои пониски места со повремен слаб дожд, а на планините слаб снег.