Home Спорт Вавринка елиминиран од анонимец, Федерер рутински до 3-то коло!

Вавринка елиминиран од анонимец, Федерер рутински до 3-то коло!

Завршен е и четвртиот ден на Австралија Опен, а големо изненадување преставува елиминацијата на Вавринка кој беше поразен со 3:0 од американскиот тенисер Тенис Сендгрен.

Шампионот на Мулбурн од 2015 година се врати на терените после 6-месечна пауза, но претпре неочекуван пораз од 97-от тенисер на светот.

Сендгерн во третото коло ќе игра со Максимилијан Мартер, кој исто така направи изненадување и го елиминира Фернандо Вердаско.

Бранителот на титулата во Мелбурн, Роџер Федерер, рутински се пласираше во трето коло. Во последниот денешен меч, Швајцарецот со сигурни 3-0 (6-4, 6-4, 7-6/4) славеше над Штруф од Германија и закажа дуел со искусниот Ришар Гаске.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…