Ван Гал тврди: Солскјер има иста тактика како Мурињо – паркира автобус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бившиот тренер на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал даде интересен коментар за своите наследници на „Олд Трафорд“, Жозе Мурињо и Оле Гунер Солскјер.

Легендарниот Холанѓанец тврди дека двајцата тренери користат иста тактика, односно се насочуваат кон дефанзивна игра со контранапади.

„Не е точно дека мојот фудбал бил негативен. Велите дека бил здодевен? Зошто? Ние игравме офанзивно и можеби ви делува дека е здодевен бидејќи противниците го паркираа автобусот“, истакна Ван Гал.

„Тренерот кој дојде по мене ја промен тактиката, почна да го паркира автобусот и да игра на контри. Сега има нов тренер кој исто така го паркира автобусот и игра на контри. Главната разлика помеѓу Мурињо и Солскјер е тоа што Солскјер носи победи“, смета искусниот стратег.

„Манчестер Јунајтед дури може да ја освои и Лигата на шампиони, бидејќи игра многу дефанзивно и е тешко да го победиш. Без разлика дали ви се допаѓа, или не, сето ова е резултат на работата на Мурињо“, тврди Ван Гал, кој сепак има свој фаворит во Лигата на шампиони.

„Според мојата филозофија, најдобриот тим мора да победи, па се надевам дека тоа ќе биде Манчестер Сити затоа што го играат најдобриот фудбал“, заклучи Ван Гал.

https://youtu.be/Ntj9w5E2d9Y