Ван Дам е во топ форма и на 60 години


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во спотот за новиот сингл „Ultrareve“ од групата „AaRON“, кој го режираше неговата ќерка Бјанка, главната улога ја има познатиот актер Жан Клод Ван Дам.

Според зборовите на Симон Бирет и Оливер Курзиер од „AaRON“, Ван Дам ги контактирал затоа што му требала музика за неговиот нов филм. Тогаш тие му рекле дека го завршиле снимањето на новиот албум, што го заинтересирало Ван Дам.

-Жан Клод ни се јави и ни кажа колку оваа песна му значи. Ни предложи неговата ќерка Бјанка да го режира видеоспотот кој би бил снимен во Лос Анџелес. Така сонот стана реалност, велат изведувачите од групата „AaRON“.

Во спотот не учествувала само Бјанка Ван Дам, тука бил и неговиот син Крис Ван Дам кој работел како камерман.