Home Шоубизнис Славни Вака Силјановска игра рокенрол

Вака Силјановска игра рокенрол

Претседателскиот кандидат на најголемата опозициска партија кај нас, ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, професорката Гордана Силјановска Давкова, на гостувањето кај популарниот водител Жаре, во емисијата „Еден на Еден“, направи вистинско мало шоу за гледачите.

Во популарната забавна ТВ емисија која ја води Жаре, Силјановска покажа како и на нејзина возраст игра рокенрол. Дополнително, во шеговит манир, изјави дека „Благодарение на Јога со Гога секој ќе има добра нога“.

Не крие дека е голем љубител на музика, посебно рокенрол, која во недела во 18:30 часот на Канал 5, ќе можеме да ги видиме нејзините способности за играње. Во слободно време сака да слуша музика. Зборува и за сопругот со кој е во брак 30 години.

Претседателската политичка кампања која е во полн ек, покрај стандардните и веќе видени штабско-партиски шеми, носи и еден нов дискурс на „прозивки и брецкања“ меѓу кандидатите, но и лидерите на главните политичко-партиски играчи на нашата политичка сцена. Веќе беа во игра и „прозивки“ преку песни од Френк Синатра (цитиран од Заев) и „Скорпионс“ (цитирани од Мицкоски).

Load More Related Articles
Load More In Славни
Comments are closed.

Check Also

„Тешко ми е да играм со ‘овие’ две на мене“

Американската одбојкарка Кајла Симонс од почетокот на кариерата е во центарот на вниманиет…