Home Наука и техонологија Вака ќе изгледа новата Corsa

Вака ќе изгледа новата Corsa

Новата Opel Corsa беше најважниот проект на автомобилскиот производител, но промената на сопственоста на компанијата ја одложи премиерната промоција на новото издание на овој модел.

Новата Corsa ќе биде премиерно претставена на почетокот на идниот месец, а сега може да се видат фотографиите објавени на социјалните мрежи по грешка на еден медиум.

Новиот сопственик на Opel, француската групација на Peugeot, ја диктира и платформата на Corsa, која ќе биде поставена на PSA каква што има Peugeot 208.

Сличноста со овој модел се гледа и во опремата на Corsa, особено на кокпитот, каде инфотаблата е истата како на автомобилите на Peugeot.

Ќе се произведува во стандардна дизел и бензиска верзија, но ќе има и електрична верзија на Corsa. Моделот ќе почне да се продава од 2020 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…