Ужас и хорор помеѓу живите и мртвите: Сведоштва на хероите од Ласкарци (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жителите од селото Ласкарци, во чија непосредна близина се случи стравичната автобуска несреќа во која животот го загубија 15 лица, со своите натчовечки посветени напори и заложби за помагање на патниците од автобусот веднаш по несреќата се вистински херои кои заслужуваат длабок наклон за стореното и вложениот максимум.

Откако цела ноќ помагале во спасувањето на десетица патници, некои од нив утрово повторно излегоа на кобното место.

„Тоа што го видовме вчера беше ужас. Бевме меѓу живите и мртвите. Дел од нив ги извлековме ние самите…“, вели Седат Ќазими – сведок на настанот за телевизија 21.